Дерби пресметката меѓу Пелистер и Детонит Плачковица во живо на М Нет

Продолжуваат фудбалските возбудувања од Втората лига. Денес на програмата се натпреварите од 4. коло.

Гледачите на телевизија М Нет ќе имаат можност во живо да го проследат дербито на колото меѓу Пелистер и Детонит Плачковица кое се игра во Битола.

Голема пресметка на две екипи кои имаат три од три на стартот од сезоната и имаат максимални 9 бодови на своето конто, соочување на два штипски стратези – Влатко Костов и Иван Варадиновски, дерби на екипи кои претендираат за местата кои водат во Прва лига.

Пелистер сака четири од четири, има поддршка од вернитe “Чкембари”, а домашниот терен е предност плус, радовишани и со бод ќе се среќни на тешкото гостување во Битола.

Дефинитивно ќе гледаме неизвесно дерби со тактички надмудрувања.

Главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски од Кавадарци, а стартот е закажан во 16 часот.