
Горан Сандевски е нов началник на Одделението за внатрешни работи во Кочани. Тој на местото началник официјално е именуван на 22 август, односно во вторникот, а на позицијата доаѓа од СВР Штип, каде 5 и пол години работеше како началник во Одделот за криминалистичко разузнавање. Сандевски во полициското работење е со стаж од 23 години.
Со ова Одделението за внатрешни работи во Кочани добива нов началник по неколкумесечна пауза.
Ребека Спасова М-Нет