
Викендот на програмата се натпреварите од 5. коло од Првата македонска фудбалска лига, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на сите шест натпревари.
Тиквеш на домашен терен ќе игра со Воска Спорт каде главен судија ќе биде Игор Стојчевски, Брегалница ќе ја пречека Брера во меч каде правдата ќе ја дели Доне Ристовски од Гевгелија. На „Борис Трајковски“ во Маџари ќе играат Работнички и Шкендија, а тука правдата ќе ја дели Стојанче Трпчевски, Шкупи на Чаир ќе го пречека повратникот Гостивар, а штипјанецот Стојанче Стојанов ќе биде делитен на правдата, Ндерим Тефику ќе им суди на Силекс и Македонија ЃП во Кратово.
Колото ќе го комплетираат Струга Трим Лум и Вардар, а овој меч е поместен за 1. ноември, поради европските обврски на стружани, а главен судија ќе биде штипјанецот Димитар Пилешков.
Сите натпревари ќе започнат во 16 часот, освен мечот во Струга кој ќе започне во 13 часот.
- Делегирани судии 5. коло ПМФЛ:
Струга Трим Лум – Вардар, Димитар Пилешков (Штип)
Тиквеш – Воска Спорт, Игор Стојчевски (Скопје)
Брегалница – Брера, Доне Ристовски (Гевгелија)
Работнички – Шкендија, Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Шкупи – Гостивар, Стојанче Стојанов (Штип)
Силекс – Македонија ЃП, Ндерим Тефику (Куманово)