Пожарот во Кавадаречко сѐ уште е активен и вечерва е невозможно да се воспостави контрола врз него, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Огнот зафатил претежно нискостеблеста вегетација, а силниот пламен што повремено се појавува е последица на согорувањето на големиот број ниски смреки на теренот.
„Пожарот во Кавадаречко сѐ уште е активен, невозможно е да се воспостави контрола вечерва. Зафатена е претежно нискостеблеста вегетација. Силниот пламен кој се појавува од време на време е последица на согорувањето на многубројните ниски смреки“, изјави Ангелов.
Тој додаде дека кавадаречките пожарникари ќе продолжат со гаснењето во текот на целата ноќ, а на терен и понатаму е и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Текстот Пожарот во Кавадаречко не стивнува, пожарникарите ќе се борат со огнот и во текот на ноќта е превземен од МАКФАКС.