
Два пожари и едно паднато дрво е резултатот од вчерашното невреме кое го зафати Кочани. Заради спој на жици гореше сува трева во Жиганци, дрво падна на патот кон Бање, а повторно се запали и градската депонија како и околниот рид. На сите три места интервенираше ТППЕ Коачни.
„Првата беше поради силниот ветер во село Жиганци беше дојдено до спојување на жици помеѓу два објекта од кои беа исфрлени искри и се запали сувата трева. Интервениравме со едно возило и тројца пожарникари. Втората интервенција беше на градската депонија каде беше зафатен и ридот.Третата интервенција беше на паднато дрво на патот Кочани Бање“ – вели Атансов.
Гореше на неколку места и во Штип. Од ТППЕ Штип интервенираа на пожарот во близина на фабриката Мебел, како и на запалени борчиња во близина на Мирјанина црква.
Запалена сува трева и грмушки во вчера се гасеа и во близина на с.Караорман.
Од Регионалниот ЦУК Штип, известуваат дека како последица од силниот ветер и невремето кое го зафати подрачјето на општина Пробиштип, на патниот правец с.Ратавица-м.в.Киселица и с.Ратавица – с.Легово имало паднати дрвја. Од страна на ПС Пробиштип и ТППЕ Пробиштип е интервенирано и дрвјата се отстранети од споменатите патни правци.
На подрачјето на општина Карбинци, на патниот правец Штип – Кочани, пред бензинската станица кај с.Крупиште имало паднато дрво како последица на силен ветер. Имало и падната топола во с.Радање, а селото привремено останало без напојување со електрична енергија.
Од територијалните единици и понатаму апелираат на совесност од страна на граѓаните за да не се предизвикува пожар на отворено кој може да резултира со огромни штети.
Лаура Стојанова М-Нет