Вардарово дете пристигна во Илинден: Петар Блажевски е новото засилување во средниот ред

Третолигашот ФК Илинден продолжува со засилувањата во пресрет на новата сезона. Ново име во црвено-црниот дрес е 18-годишниот играч за врска Петар Блажевски, кој пристигнува од екипата на ФК Аеродром.
Блажевски важи за еден од перспективните млади фудбалери, а својата фудбалска афирмација ја стекнал во младинската школа на Вардар, каде ги поминал сите категории и ја носел капитенската лента на кадетската екипа.
Од клубот му посакаа топло добредојде и многу успешни настапи во новата средина, со надеж дека ќе биде значајно засилување во борбата за квалитетни резултати во претстојната сезона.
Со ангажманот на младиот играч од средниот ред, ФК Илинден испраќа јасна порака дека продолжува да гради конкурентен тим и ќе биде еден од главните кандидати за бараж за влез во Втората македонска фудбалска лига.