
Нема вода за наводнување на земјоделските посеви во овчеполско, земјоделците денеска се собраа на улица да го искажат својот револт. Велат дека каналите останале празни, штетите се огромни иако целосно допрва ќе се утврдуваат. На температури на плус 40, посевите се уништуваат и сушат оти вода нема. Бараат решение на проблемот стар со години.
„15 хектари луцерка имам посеано, пет веќе не ги вадам, на 10 наместивме опрема, стои две недели никако вода да стигне до нас. Со 20 сантиметри вода може само врпаци вода да пиат и нозе да си миеме.“ – вели Павловски.
Поддршка земјоделците добија и од градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев. Вели и тие плаќаат на водостопаство и треба редовно да имаат вода за да може да прозведат нешто.
„Еден апел да упатам до Водостопанство Кочани – земјоделци не се само оризарите во Кочани, земјоделци има и тука во Свети Николе. Десет до 15 дена да нема вооште капка вода да се наводнува, каналите се празни.“ – вели Владев.
Од водостопанската поддружница Брегалница – Кочани се децидни вода ќе има утре. Богатинов посочува оти проблемот настанал како последица на невремето и дека вода во нивите ќе протече најдоцна до утре.

„За наредниот ден, за утре веќе водата ќе стигне. Солидарноста на земјоделците е на нула. Мора да бидат солидарни. Имајќи ја предвид состојбата на каналската мрежа мора да има поголема контрола.“ – вели Богатинов.
Во меѓувреме протестот кој денеска беше најавен е одложен оти се остварил разговор меѓу Водостопаснтво и земјоделците. Ветувањето е дека вода за наводнување на нивите ќе има.
Лаура Стојанова М-Нет