Кога ќе започне следната учебната година ќе се знае за десетина дена, вели министерот Шаќири

Кога ќе започне учебната година ќе се знае за десетина дена, вели Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. Дали 1 септември годинава нема да биде датумот кој важи за традиционален почеток на учебната година ќе се знае по расправата на Комисијата за човекови ресурси, каде следната недела Шаќири ќе ги претстави трите предлога за почеток и завршување на учебната година.

„Што се однесува до предлозите, вие знаете кои се, ние како Министерство ги собравме сите мислења, почнувајќи од учениците, родителите, наставниците и униите, синдикатите. Исто така, мислам дека следната недела во Комисијата за човекови ресурси, каде се дискутираат теми од Образование, јас како министер ќе ги предложам сите три опции. Во Комисијата пак ќе бидат вклучени униите на средношколците, но и синдикатите, за членовите на Комисијата да го слушнат нивното мислење за почетокот на учебната година и мислам дека во рок од десет дена ќе имаме конечен став за тоа кој од предлозите ќе се прифати

Првиот предлог на Министерството за образование и наука е учебната година да почне како и досега – на 1 септември. Вториот предлог подразбира учебната година да започне на 11 септември и да трае до средината на јуни, а со третиот предлог учебната година би започнала на 1 септември и би завршила во средината на јуни, но ќе вклучува и пролетен распуст од пет дена.

Ребека Спасова М-Нет