
Пожар зафати два декара неожнеано жито во атарот на село Уларци. Пријавата во Територијалната противпожарна единица – Штип пристигнала во 11.40 часот, а според информацијата на командирот, Дарко Коцев, пожарот е изгаснат и е спречено ширење на огнените јазици кон другите земјоделски култури. Причината за пожарот на нивата е запалено стрниште, а со истиот се справиле петмина пожарникари со две противпожарно возила. Коцев апелира земјоделците да не ги палат стрништата по жетвата на житните култури, бидејќи со тоа се загрозуваат и останатите земјоделски култури, како и шумските појаси.
Ребека Спасова М-Нет