
Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум во првото квалификациско коло за Лигата на шампионите ќе се соочи со актуелниот првак на Литванија, екипата на Жалгирис.
Противник против кого стружани може да се надеваат на следна фаза од квалификациите од Лигата на шампионите.
Првиот меч се игра на 11 или 12 јули, додека пак стружани ќе бидат домаќини на 18 или 19 јули.
Екипата на Шкупи во првото квалификациско коло во Лигата на Конфереции ќе игра против екипата на Хегелман од Литванија. Првиот меч Шкупи го игра во гости, а вториот дома.
Шкендија доби лесен противник барем на харија, а во првото квалификациско коло ќе игра против Хаверфордвест Каунти од Велс. Во првото коло тетовчани ќе бидат домаќини, а во второто ќе гостуваат.
Освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Македонија Ѓорче Петрови ќе игра против екипата на РФС од Летонија. Во првиот меч „лавовите“ ќе бидат домаќини, а во вториот ќе играат како гости.
