
Средното стручно образвние е она што го бара бизинс секторот за да може учениците понатаму да бидат конкурентни на пазарот на трудот, посочи денеска на прес конференција Министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Вели дека кампањата која се спроведува од претходната година, дава резултат па расте бројот на средношколци кои избрале средно стурчно образование. На теритроија на Штип има три средни стручни училишта, а сите имаат и дуални паралелки однонсо можност учениците кои ќе се запишат и ќе исполнуваат услови месечно да добиват по 3500 денари. За пример само лани во штипското средно медицинско училиште најпрво се пополни бројот на ученици во дуалната паралелка.
„Факт е ова година дека после промотивната кампања која ја имавме претходната година заедно со стопанската комора и министерството, оваа година таа кампања продолжи да се организира од локланите самоуправи заедно со бизнис секторот. Моите пораки до учениците се дека стручното образование е можност за секое дете, можност за пазарот за трудот, за компаниите, но и за политиките на Владата од него да добиваме во пазарот на трудот“ – вели Шаќири.
Деветтоодделенците во средно образование може да се запишат во два уписни рока на 20 и 21 јуни и 27 и 28 јуни.
На ниво на државата за новата учебна 2023/24 година има обебзедено речиси 30 илјади слободни места во 937 паралелки. Во Штип има слободни над 680 места за идните средношколци во четирите средни училишта, најмногу во Коле Нехтенин каде се запишуваат 254 ученика, а најмалку во средното текстилно училиште каде се запишуваат 95 ученика. Во Јане Сандански слободни се 175 места, а во штипската гимназија 160 места.
Лаура Стојанова М-Нет