Башкими и официјално стана шампион, три бода за Кадино, Петровец и Аеродром

Башкими забележа нова победа од 3:1 на домашен терен над Башкими Љуботен и со тоа официјално стана шампион во Трета лига – Север. Лидерот со два гола на Ергин Шерифи и голот на Крутај стигна до нов триумф. За гостите Авдулаи беше единствен стрелец.

Освојувачот на Купот на Македонија во сезона 2004/2005 ќе игра бараж за влез во Втора лига.

Петровец со погодоци на Стојанвоски и Калач стигна до победа од 2:0 над Фортуна на домашен терен, а пак Аеродром со 2:1 беше подобар од Риниа на свој терен со погодоци на Кирпиновски и Недељковиќ, за Риниа единствен стрелец беше Сулејмани.

Куманово и Беса Влазрими ги поделија бодовите играјќи 2:2. Гостите на полувреме имаа водство од 0:1 со голот на Фетаи. Во вториот дел Јовановски израмни на 1:1, а пак Исмаиљи стрелаше за 1:2 и ново водство на гостите. Во 73. минута Насковски ги постави конечните 2:2.

Реми од 2:2 и на дуелот меѓу Раштак и ССК Нова. Блажевски беше двоен стрелец за домаќините, а пак Димовски погоди за ССК Нова, додека пак Атанасков си постигна автогол.

Ланскиот второлигаш Кадино на домашен терен со 3:1 славеше над БВК Коњаре. Мустафа, Лзаев и Спасевски беа стрелци за домашниот тим, а за гостите единствен стрелец беше Бишевац.

Илинден се откажа од натпреварувањето, па Еуромилк ГЛ овој натпревар го добива со службени 0:3.