Влазерими со „петарда“ за Дрита, победи за Љуботен и Напредок

Вчера беше одиграно последното коло од Трета лига – Запад со три натпревари. Шампионот Влазерими Ј 1977 на домашен терне со 5:1 го декласираше составот на Дрита.

До убедливиот триумф Влазерими стигна со двата гола на Исмаили и погодоците на Небиу, Имер и Елезеи, за гостите Ајдари беше единствен стрелец.

Љуботен на домашен терен со 3:1 го доби Камјани и со триумф ја заврши сезоната. Антовски, Димитриески и Цека беа стрелци за домашниот тим, а за гостите погоди Абдухалу.

Напредок со 3:2 го доби дуелот со Зајази на домашен терен. Симјаноски, Симуноски и Аврамовиќ беа стрелци за некогашниот прволигаш, а пак за гостите погодија Џемаили и Џеладини. Сите погодоци паднаа во вториот дел.

Влазерими ќе игра во баражот за влез во Втора лига, како шампион со максимални 12 победи и максимални 36 бодови.