
Денес беше одиграно последното коло од Третата македонска фудбалска лига – Исток со што се спушта завесата во третолигашкиот фубдал.
Осогово е шампион и ќе патува во баражот за влез во Втора лига, откако „жетварите“ денес со 2:0 беа подобри од Тиверија со погодоците на Марко Соколов и Дарко Пешовски. Осогово лани испадна од Втора лига – Исток и по една сезона како третолигаш стигна до баражот, со што ќе има можност за експресен кам-бек.
Во Делчево беа поделени бодовите помеѓу Брегалница и Вардарски од Богданци со по еден гол во мрежата (1:1). Славе Танов во 62. минута погоди за гостите, а пак Александар Илиев во 84. минута за постигна гол за конечни 1:1.
Рудар со 3:1 го доби Малеш на домашен терен со двата погодоци на Марио Атанасовски и голот на Антонио Стојчов. За гостите од Берово Илија Бојчовски беше стрелец на единствениот гол за конечни 3:1.
Овче Поле со убедливи 5:0 го декласираше Дојранско Езеро на домашен терен. Ефремов беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Симонов, Јованчев и Нацев.
Спартмани со осум играчи ја доби Академија Чешиново-Облечево на гостински терен со 1:2. Гостите од Градско Балдовци со двата гола на Александар Ефтимов во 36. и 38. минута стигнаа до победа, а пак домашниот тим преку Бобан Давитковски во 70. минута го ублажи поразот на 70. минута.
„По барање на преставникот на домашната екипа беше извршено легитимирање за време на полувремето и беше утврдено дека гостинската екипа настапува на други легитимаци и тоа играчите со бр.1 бр.10 бр.11 и бр.16 натпреварот во второто полувреме гостинската екипа ФК Спартмани го започна со 8 играчи, ги извади од игра горе наведените играчи што настапуват на други легитимаци. Преставникот на домашната екипа најави жалба која ќе ја поднесе во определениот временски рок“, се вели во забелешката од записникот на натпреварот одигран во Чешиново.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК:
