Струга го доби и Шкупи и го подигна шампионскиот пехар, Брегалница го доби Скопје за 5. место

Струга Трим Лум го доби и дербито со Шкупи (2:1) и го подигна шампионскиот пехар. Струга стигна до својата историска титула во Првата македонска фудбалска лига, по перфектно одиграна сезона.

Струга преку пресврт стигна до нов триумф во дербито со ланскиот шампион, откако Сандеј во 29. минута погоди за 0:1 и водство на Шкупи на полувреме.

На стартот од вториот дел Марјан Радески стрелаше за 1:1, а пак најдобриот стрелец Бесарт Ибраими во 85. минута стави печат за нова победа на Струга.

Брегалница запиша победа на „Железарница“ против Скопје од 1:2 и го освои 5. место во елитата на Македонија.

Ѓорѓи Ѓорѓиев прв го отвори резултатот, откако во 21. минута постигна гол за водство од 0:1 на штипјани. „Пиратите“ брзо го израмнија резултатот, откако по девет минути игра Бујар Хајдари постигна гол за 1:1 на полувреме.

„Четата“ на Горан Здравков до триумф стигна на пет минути пред крајот со голот на Милан Џокиќ за конечни 1:2.

Победа со убедлив пораз од Тиквеш на домашен терен од 1:4 се одјави од Прва лига и од следната сезона одново ќе игра во Втора лига. Прилепчани имаа епизодна улога и не можеа да се изборат за опстанок во елитата.

Огнен Ѓурковиќ во 33. минута погоди за водство на Победа од 1:0 на полувреме. Во вториот дел Миловановиќ и Вареловски во 51. и 54. минута погодија за комплетен пресврт на резултатот и водство на кавадарчани од 1:2. Во финишот на мечот одигра на „Гоце Делчев“ во Прилеп, Миловановиќ со втор гол зголеми на 1:3, а Иван Ивановски во 89. минута ги постави конечните 1:4.

Академија Пандев и Силекс ги поделија бодовите играјќи 2:2 на СЦ „Пандев“ во Струмица во меч со два автогола. Арсим Љамалари во 5. минута си постигна автогол за водство на „пандевци“ од 1:0, а по три минути Димитар Трајков погоди за 2:0. Георге Јанкулов во 13. минута си постигна автогол за 2:1, а пак Марко Ѓорѓиевски во 20. минута погоди за конечни 2:2.

Шкендија со 1:2 славеше над Работнички на „Борис Трајковски“ во Маџари, во меч каде трите натпревари паднаа во вториот дел. Дориев во 51. минута погоди за 0:1, а по две минути Рушевиќ беше прецизен за 1:1. Во 76. минута Шала беше реализатор за конечни 1:2.

Сезоната во Првата македонска фудбалска лига ќе биде комплетирана на 21. мај со баражот помеѓу Скопје и второлигашот Вардар. Овој натпревар ќе се одигра на Градскиот стадион во Кавадарци со почеток од 17 часот.