Новаци со „петарда“ против Сатеска се загрева за баражот, Јанг Тим ја доби Преспа во Ресен

Само два од четири натпревари се одиграа во последното 22. коло од Трета лига – Југозапад. Шампионот Новаци со убедливи 5:0 ја доби Сатеска во тренинг натпревар кој послужи како загревање за баражот преку кој Новаци ќе атакува на влез во Втора лига.

Антонио Стојковски беше двоен стрелец, а во листата на стрелци со по еден гол се запишаа и Иве Трифуновски, Јоцо Ѓорговски и Христијан Торнески.

Преспа дома беше поразен од Јанг Тим со 1:2. Гостите преку голгетерот Сеит Крека стигнаа до водство во 35. минута, а шест минути подоцна Пластиновски погоди за 1:1 на полувреме. Во вториот дел Бетим Баута беше стрелец за конечни 1:2.

Натпреварот помеѓу Кораб и Кравари не се одигра, бидејќи екипата на Кравари не се појави на Градскиот стадион во Дебар. Ниту мечот меѓу Демир Хисар и Иднина Боровец не се одигра, бидејќи гостинската екипа не се појави на Градскиот стадион во Демир Хисар.