
Новаци кој ќе игра бараж за Втора лига денес забележа нова победа во претпоследното коло од Трета лига – Југозапад. До победата Новаци стигна уште во првиот дел кога имаше водство од 0:3 со погодоци на Антонио Стојоквски, Александар Јовановски и Мартин Кузманов. Во вториот дел Христијан Торнески стави печат на убедливата пбоеда од 0:4.
Јанг Тим на домашен терен со убедливи 6:1 го декласираше тимот на Лирија од Грнчари. Сеит Крека беше стрелец на пет погодоци, а еден гол беше дело на Атај Уљо, за гостите единствен стрелец Неџми Реџепи.
Кравари на домашен терен загуби од Преспа со резултат од 1:2. Гостите од Ресен на полувреме имаа водство од 0:2 со погодоци на Пластиновски и Петрески, а на стартот од вториот дел Ендековски погоди за конечни 1:2.
Во Волино екипата на Сатеска со 3:1 беше подобра од Влазними. Гостите со голот на Спасески први дојдоа до водство, а до крајот на првиот дел Петрески и Митрески погодија за 2:1 на полувреме. Во вториот дел Милошески погоди за конечни 3:1.

