
Вардар Неготино одново е шампион во Трета лига – Југ и ќе игра повторно бараж за Втора лига, а денес како на тренинг со 10:0 го „распадна“ Бучин.
Петар Ристовски постигна четири погодоци, Ѓорѓи Шишков стигна до хет-трик, Кирил Неделков беше двоен стрелец, а еден гол постигна Бранко Андонов.
Ланскиот второлигаш Локомотива во Градско со 2:1 го доби Големо Коњари. Гостите со голот на Даноски уште во 6. минута стигнаа до водство, а Петров погоди за 1:1 на полувреме. Во финишот на мечот Башини беше стрелец на гол вреден победа за домашниот тим.
Росоман и Превалец ремизираа играјќи 1:1. Гостите први стигнаа до водство со голот на Маневски, а Дуков израмни на конечни 1:1 во 36. минута.
Питу Гули на домашниот терен во Крушево со 5:1 го декласираше Младост од Кривогаштани на крилата на Оливер Велевски кој беше двоен стрелец и на Беким Алимоски кој постигна три погодоци. За гостите единствен стрелец беше Дарко Чапкуноски.
Натпреварот Слога – Марена беше прекина во 61. минута од мечот, кога гостите на терен останаа со само шест играчи. До прекинот Слога имаше водство од 5:0 со двата погодоци на Фазлиоски, а по еден гол постигнаа Каришик, Имероски и Амедоски.