
Денес беа одиграни два натпревари од 17. коло од Трета лига – Запад. Дрита и Речица ги поделија бодовите во меч кој заврши со резултат од 2:2. За домашниот тим стрелци беа Бесим Алили и Брендим Рушити, а пак за гостите погодија Лирим Несими и Ариф Ибиши. Првиот дел во Боговиње заврши со резултат од 1:1.
Зајази на домашен терен беше поразен со 0:2 од новиот шампион Влазерими Ј 1977 кој ќе игра бараж за Втора лига со погодоци на Албулен Имери и Осман Исмаили, постигнати во вториот дел.