
Осветен е и поставен крстот на црквата „Свети Димитрија“ во село Таринци, Општина Карбинци. Во иднина, ова место ќе биде наменето за жителите од ц. Таринци кои тука ќе можат да ги одбележуваат важните верски и семејни моменти, како крштевки, венчавки и други црковни обреди.
На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов, жители на селото и претставници на општината.
Поставувањето и осветувањето на крстот се одржа на празникот Преображение Христово, еден од големите православни празници, кој се празнува на 19 август и има посебно значење во православната христијанска традиција.
Црквата „Свети Димитрија“ сè уште не е осветена, а по нејзиното осветување се очекува храмот да биде ставен во функција и да стане место за молитва, верски обреди и собирање на верниците.
Ева Тушевска, М-Нет