
Фирма за брзи кредити како спонзори на општина Штип, за ренконструкција на детски игралишта, разни манифестации и слично. Во одговорот кој го доби М-Нет телевизија откако побара информација од јавен карактер, фирма за брзи кредити се јавува како спонозор на неколку настани, како и во реконструкција на детски игралишта. Впрочем, детско игралиште во населба Дузлак, Пастрамалијада 2022 година, како и музички фестивал Макфест во Штип се финансирани од страна на фирма за брзи кредити. За детското игралиште во населба Дузлак се донирани 325.509 денари, пари кои се исплатени на сметка на фирмата од каде се набавени детските реквизити за игралиштето. Пред шест месеца кога и се пушти во функција мултинаменското игралиште во оваа населба градоначалникот Јорданов, јавно се заблагодари на фирмата за брзи кредити која ги донираше детските реквизити. Додаде дека за останатите содржини парите, над три милиони денари се обезбедени од страна на Буџетот на општината.
„Благодарение општествено одговорната компанија „Флекс кредит“ поставивме детски реквизити за најамлите генерации од оваа населба“
Финансиски средства за спонзорство од оваа фирма за брзи кредити се издвоени и за Макфест како и за штипската Пастамалијада. За Макфест оваа приватна фирма за брзи кредити издвоила 120 илјади денари уплатени на сметка на друга приватна форма, за возврат на двете фестивалски вечери доби маркетинг услуги. Парите за оваа манифестација кои беа понудени од страна на Министерството за култура беа одбиени од Јорданов.
61.500 илјади денари се обезбедени и за настанот Пастрамалијада 2022 година.
Со сума од над половина милион денари приватната фирма за брзи кредити се јавува како спонзор на општината.
Лаура Стојанова М-Нет