Нов земјотрес почувствуван утринава во Штип

Нов земјотрес почувствуван утринава во Штип околу 6:30 часот утринава. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава регистрираше два земјотреси од кои првиот 120 км југоисточно од Скопје, кој потекнува од епицентралното подрачје Струмица, а вториот на 70 км југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе – Штип.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, првиот земјотресот се случи во 4 часот и 55 минути со Рихтерова локална магнитуда 2.2 степени и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала и беше почувствуван од населението во Струмица и околината, а вториот се случи во 6 часот и 32 минути со Рихтерова локална магнитуда 2.0 степени и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала и беше почувствуван од населението во Штип и околината.

Тресењето на тлото во Штип стана честа појава откако пред еден месец се почувства земјотрес со махнитуда три и интезитет четири. Но според експертите нема опасност од рушење на згради, бидејќи се градени според соодветни страндарди.

Лаура Стојанова М-Нет