
Влазними и Кораб денес го одиграа воведниот меч од 19. коло од Третата македонска фудбалска лига – Југозапад, меч кој заврши со минимален триумф за домашниот тим од 1:0.
Ланскиот второлигаш Кораб по овој пораз речиси и да ги загуби шансите за освојување на првото место, а со тоа и пласман во баражот кој води во Втора лига.
Натпреварот беше решен во фишинот, односно во 86. минута со голот на Даниел Шекуткоски, а со овој резултат трите бодови остануваат дома. Кораб останува на второто место со 39 бодови, а пак Новаци е прв со 40 бодови, но и натпревар повеќе, откако лидерот денес беше слободен.
Во следното коло Новаци на домашен терен ќе игра токму со Влазними и доколку ја оправда улогата на фаворит ќе има 4 бодови предност пред второпласираниот Кораб на две кола до крајот, со тоа што третолигашот од Дебар во претпоследното коло е слободен, па во таков случај Новаци на две кола пред крајот ќе може да ја прослави шампионската титула во Трета лига – Југозапад и да се подготвува за баражот кој води во Втората македонска фудбалска лига.