
Шкендија со минимални 0:1 ја доби Брегалница во Штип во воведниот меч од 28. коло од ПМФЛ и ја продолжува победничка серија.
Двете екипи имаа шанси за погодоци, откако и Брегалница и Шкендија ја погодија рамката на противничкиот гол, но по првите 45 минути мрежите мируваа во Штип (0:0), а гледачите немаа можност да проследат погодок.
Вториот дел од мечот продолжи во знакот на неизвесноста и борба за трите бодови.
Можеби и беше очекуван резултатот за првиот дел за екипи кои немаат пораз на последните пет натпревари, па беше тврд меч од аспект на погодоци, но со шанси за погодок.
Во 65. минута Цаке го отвори резултатот во Штип, откако погоди со глава за водство од 0:1 за Шкендија.
Во финишот од мечот Додев имаше голема шанса да го израмни мечот, но истата немаше успешна реализација.
Конечниот исход беше 0:1 за Шкендија и нови три бода, а Брегалница влезе во серија од 16 меча без триумф над Шкендија, која пак по шест години го освои Штип.
Ова е прв пораз за Горан Здравков како тренер на Брегалница.
“Сините” сега се насочуваат кон освојување на четвртото место, а доколку Струга го освои Купот, тогаш Брегалница како четвртопласирана може да излезе во Европа.