Дефект на водоводна линија во нас. Сењак остави повеќе населби во Штип без вода

Повеќе населби во Штип од синоќа се без вода, реагираат граѓаните до нашата редакција. Засегнати се населбите Дузлак, Сењак 3, 4 и дел од Сењак 2. Според првичните информации од страна на ЈП Исар се работи за дефект на водоводна линија бр. 315, што се наоѓа во близина на салата Јордан Мијалков, во населба Сењак на ул. Борис Крајгер. Од синоќа екипи на ЈП Исар работат на решавање на проблемот со водоснабдувањето и се очекува во текот на денот проблемот да се реши.