За Четрсе во Штип се е во знакот на 40, масовно искачување на твдрината Исар денеска

Проложи вековната традиција во Штип со искачување на тврдината Исар. Денеска на Четрсе се е во знакот на четириесетката, се собираат 40 каменчиња, се поздравува со 40 луѓе. Некои од забава, други од верување во обичаи, млади и повозрасни денеска се искачија на Исарот.

Младите кои се качија на Исарот со стари обичаи, собираат каменичња, ги фрлаа од Исарот во река Брегалница и се поздравуваа со 40 луѓе. Велат вака научиле од нивние баби и дедовци, додавајќи дека секоја година на овој ден се качуваат на тврдината Исар.

Обичајот за Четрсе е стар со векови наназад, а единствено искачување на оваа тврдина не беше дозволено две години за време на ковид пандемијата. Освен од Штип посетители имаше и од останатите градови од регионот, но од цела држава.

Лаура Стојанова М-Нет