
Брегалница денес гостува во Скопје каде на „Борис Трајковски“ во Маџари ќе се соочи со Работнички во меч од 20. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Познати се составите и на двете екипи. Брегалница ќе напаѓа за три бода и прва пролетна радост, Работнички за втора пролетна радост и со тоа да врзи втора победа во низа. Натпреварот е важен и за двете екипи со цел искачување кон високите места на табелата.
Здравков не менува ништо во однос на составот со кој настапи против Скопје, односно има само една измена, Силјаноски го пропуша денешниот меч против Работички поради жолти картони, а на негово место е репрезентативецот на Уганда, Халид Лвалива.
Шќекиќ е на голот на „сините“, а во првиот состав се Михаил Димитриевски, капитенот Мојсов, Ристевски, Ѓорѓиев, Николов, Додев, Андонов, Димитриј Димитриевски, Лвалива и Калпачки.
- СТАРТНИ СОСТАВИ: Работнички – Брегалница
