Во ЖИВО од Струга на М Нет: Караорман – Слога Виница

Гледачите на М Нет телевизија во ЖИВО преку директен пренос ќе имаат и можност да ја проследат дерби пресметката помеѓу Караорман и Слога од Виница.

Со овој меч кој е од резултатска важност и за двете екипи ќе биде комплетирано 17. коло од Втора лига.

Дерби меч од огромна важност и за двете екипи на патот за обезбедување на директен и сигурен опстанок во второлигашкото друштво. Три бода кои може многу работи да променат и многу веројатно во мај ќе се покажат како пресудни за опстанокот и на двете екипи.
Правдата ќе ја дели Благојче Ралевски од Битола, а ќе му помагаат Владимир Митревски и Јовче Кокевски, исто така од Битола, додека пак четврт судија ќе биде Дарко Котевски од Битола.