
Дербито за опстанок во Втората македонска фудбалска лига помеѓу Караорман и Слога Виница ќе може да го проследите во директен пренос на телевизија М Нет.
Познати се составите и на двете екипи кои денес во Струга покрај езерото ќе атакуваат на трите бодови.
Караорман направи измени за денешниот состав во однос на оној од езерското дерби со Воска Спорт.
На голманската позиција кај стружани има промена, Рочи седнува на клупа, а на голот денес ќе биде Антонио Столевски, Диели Каба сега е на клупата, а од прва минута ќе стартува Дебрешлиоски.
Кај Слога од Виница ќе има исто така измени во денешниот состав во однос на оној од дуелот со Борец кој го доби Слога со убедливи 4:0 на домашен терен.
Слога ќе напаѓа со Манџуковски и Паунов, а на голот нема да има промени, искусниот Трајковски ќе ја чува мрежата на гостите од Виница. Во составот го нема Јордановски поради црвен картон, како и искусниот Ступиќ поради повреда, а шанса од прва минута денес добива Андреј Стојановски.
- СТАРТНИ СОСТАВИ: Караорман – Слога Виница:
