
Допис до сите Амбасади, меѓунардони и дипломатски прествништва ќе испрати градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов со цел да се запознаат со ситуацијата во нашата држава. Потенцира дека не очекува позитивен резултат, но решение на проблемот со полагање менаџерски испит мора да се најде. Додава дека во ниту една европска држава ситуацијата во образованието не е толку завидно ниво како во нашата и ова мора да се промени.
„Најмалку што можеме да направиме е да го презентираме сетоа ова во јавноста, да ги информираме Амбасадите, но не сум сигурен дека во наредните десец месеца до крајот на мандатот на СДСМ ќе се промени нешто. Тоа е една иста матрица, еден ист канцер кој заразува се околу себе, кој сака сѐ да уништи доколку тие не се на власт. Мислам дека залудни ќе бидат овие чекори кои ги преземаме да ги информираме Амбасадите, еве јас ќе пратам допис до сите релевантни, меѓународни, дипломатски преставништва за да се запознаат што се случува во оваа држава, кој управува со неа и дали ова го има во некоја друга европска држава“ – вели Јорданов.
Одлуката да се прати допис до сите преставништва следи опткако повеќе од една ипол година директортите на училиштата не можат да полагаат и да се стекнат со соодветна лиценца за директор. Јорданов потенцира дека ова е силување на демократија и образованието и дека одговорност за ова ќе има.
„Повеќе од една ипол година ДИЦ го ускратува оснвното уставно право на секој еден наш сограѓанин да се стекне со соодветна лиценца, неорганизирајќи полагање за нашите сограѓани. СДСМ управувајќи ги институциите ја силува демократијата, го заробува образованието, само со една цел да бидат избрани нивните директори односно директорите коишто во време на СДСМ се стекнале со соодветни лиценци за да истите овие личности бидат назначени повторно за директори.“ – додава Јорданов.
Сите основни училишта во Штип имаат в.д. директори кои немаат соодветна лиценца за директор, ниту пак можност да полагаат за истата. Слична е ситуацијата и со средните училишта, однонсо само директорот на СОУ Славчо Стојменски е со соодветниот менаџерски испит. За проблемот Јорданов алармираше и претходно, а минатата недела директорите преку прес конференција на плоштадот Слобода побараа правда и решавање на овој проблем.
Лаура Стојанова М-Нет