Како спортистите да се заштитат од повреди – релизиран проектот во Штип и Кочани

Како младите спортисти да се заштитат од повреди при тренинзи, што е допинг и од какво значење е истиот за спортистите. Изминатиот викенд во Штип и Кочани се спроведе проектот во кој учествуваа 30 борачи и 10тренери од Македонија, Србија и Хрватска, а целат беше да им се помогне на спортистите на вистински начин да се справат со повредите кои се појавуваат за време на тренинзите и самите настапи.

„Проектот е за обука на спортисти и тренери за повреда од спорт на спортистите и ова има големо значење за нас бидејќи потребна е обука на спортистите и тренерите како во време на тренинзи би можеле да ги отстраниме овие работи кои се многу потребни во нашиот спрот. Во овој проект учествуваат Македонија, Србија, Хрватска. – кажа Богданов.

Ова е прв проект на кој соработуваат боречката федерација на Македонија и Хрватска, но не и последна, потенцираа од боречката федерација на Хватска. Наредниот период и македонска делегација ќе биде дел од проект кој ќе се реализира во Загреб.

„Ова е прв проект со боречката федерација на Македонија, ама дефинитивно нема да е последен. Делегација од Македонија веќе беше минатата година кај нас, оваа година сме во Загреб ќе дојде и делегација од вашата земја во склоп на овој проект“ – додава Бреговиќ.

На настанот имаше обраќање и од страна на доктори кои потенцираа на што треба да внимаваат младите спортисти и на кој начин да се грижат за сопственото здравје.

„Ми преставува огромно задоволство што ќе бидам дел од ваков настан. Имено се разговара за допинг, антидопинг, едукација на младите спортисти, дали треба да консумираат или не забранети супстанци кои се последиците од тоа, како и правилна исхрана, хидратација, губење тежина и сите работи кои ги мачат едни современи спортисти.“ – вели Стојанов.

Проектот е во прганизација на Боречка Федерација на Македонија во соработка со Хрватската и Србската Боречка Федерација.

Проектот е подржан од Европската Унија како (Еразмус+ проект).

Лаура Стојанова М-Нет