
Кристијан Јордановски е старо-нов играч на второлигашот Слога од Виница. Двете страни се договорија за соработка до крајот на тековната сезона со опција за продолжување на соработката.
24-годишниот централен дефанзивец во Слога доаѓа од редовите на Беласица по една полусезона помината во дресот на струмичкиот второлигаш.
Велешанецот е повратник во Слога, откако за второлигашот од Виница настапуваше во период од февруари до јули минатата година. Во својата кариера Јордановски има настапувано за Борец, Македонија Ѓорче Петров, Вардар, Брегалница, Каменица Саса, Кит Го од Пехчево, радовишка Плачковица, Тетекс и струмичка Беласица.