
Второлигашот Слога од Виница денес потпиша нов меморандум за соработка со што добива голема финансиска поддршка од голема и позната компанија од Истокот на Македонија.
„Централ Парк Резиденс“ е општествоно одговорна фирма од Виница во склоп на „Винчини-Мак Прогрес“, којашто во иднина финансиски ќе го потпомага развојот на овој второлигаш и младинската школа, а којашто за почеток за потребите на клубот ги отвори вратите на својот фитнес центар за непречено тренирање и одржување на физичката подготвеност на играчите пред стартот на неизвесната пролетна полусезона од Втора лига.
Исто така, фудбалерите на Слога за секој натпревар ќе бидат потпомогнати со енергетски сумплименти производи на „Винчини“ кои ќе ја подобрат физичката издржливост за време на натпреварите.
Од клубот јавно се заблагодарија на склучената соработка и големата помош и поддршката која ќе ја добива Слога во иднина.
Како што вчера објави телевизија М Нет, Слога доби ваучер од АМС во висина од 1,5 милиони денари.
Инаку, овој второлигаш од Виница ангажираше неколку квалитетни засилувања и во пролетниот дел ќе атакува на директен и сигурен опстанок, а во првото пролетно коло на домашен терен ќе се соочи со „фенерџијата“ Борец, кој најавува голема борба за опстанок во второлигашкото друштво.