
Празен затворен простор, капијата затворена со катанец, рампата и вагата оставени празни, ваква е сликата на некогаш најголемиот сточен пазар во село Облешево. Свињите заради болеста афиканска чума, кравите не е исплатливо да се чуваат, останата стока нема, па луѓето ниту продаваат ниту може да купат стока од пазарот во Облешево. Ако некогаш секое семејство одгледувало крави, денеска бројот на говеда се брои на прсти. Идентично како производството на ориз, умира и сточарството, велат граѓаните.
„Денеска позади нас е сточниот пазар ама нема нисшто од сточен пазар. Свињите последни беа на пазарот со мерката која ја донесе Владата, уништени се сите свињи воОблешево и околните села, а кога се однесува за покрупната стока однонсо крави не се иплаќа да се чуваат“
Од петел до свињи и крави, некогаш имало сѐ, денеска просторот е празен, а на прашањето зошто пзарот е затворен одговор нема никој. Граѓаните велат повеќе од потребен е овој пазар, ем за купувачите, ем за продавачите кои од тоа егзистираат.
„Тука е префрлен пазарот, затворија го пазарот, зашто го затворија никој не знае. Сѐ имаше од свинче до петел, говеда сѐ имаше сега нема ништо, уништуваат го фондот.“

Сточниот пазар во Облешево беше еден од најбогатите од годините претходно, па жална е слика од празниот простор кој е оставен денеска. Наместо како некогаш секој да одгледува живина и да произведува месо, жителите велат седат на посна трпеза бидејќи месото во месарниците е со екстремно висока цена.
Пазарот во Облешево опстојува едвај од некои земјоделски производи кои се нудат, ориз на некоја тезга и по некое парче текстил.
Лаура Стојанова М-Нет