Силекс со пораз од Торпедо Куташи ги заокружи подготовките во Анталија

Силекс загуби на последниот контролен натпревар во Анталија, од екипата на Торпедо Куташи со резултат од 1:2.

Со овој тест-меч Силекс ги заврши подготовките во Анталија и утре се враќа во Македонија.

Кратовци против грузискиот тим одиграа одличен натпревар, со неколку зрели шанси, но без реализација.

Во првото пролетно коло кратовскиот прволигаш предводен од Горазд Михајлов ќе биде слободен.