
Со стари традиции и адети, денеска точно напладне жителите од село Кучичино ги закорија своите лозја. Со вино и ракија, го направија стариот адет за догдина да има повеќе род. Ја отопаа старата ракија од минатата година, а годинава во лозјата оставија ново шише ракија кое таму ќе стои до наредната година.
„Денешниот ден Свети Трифун закројуваме лозјето, потоа одиме на ридо горе, кршиме погача ја делиме на делови и се бира кум за наредната недела. Има кум и се собираме од Исток и од Запад и на сред село има музика. Закопуваме ракија во лозјето“ – додава Тасев.
Откако ќе заврши адетот со закројување на лозјата, лозарите се упатуваат кон ридот, место на кое се собираат, кумот носи погача со паричка и се бира нов кум за наредната година. Ова се прави на Исток и на Запад во селото, а потоа двете групи се собираат на сред село каде продолжува забавниот дел од манифестацијата.

“Оваа традиција го празнуваме празникот Свети Трифун за лозјата и овоштарите. Оваа традиција се практиукува долго време, наследена е од старите“ – вели кумот Стоилков.
Славењето на празникот Свети Трифун во село Кучично, Општина Чешиново – Облешево започнал многу оддамна, а се негува до ден денеска. Настаните за денеска завршуваат во доцните вечерни часови кога впрочем завршува манифестацијата на сред село.
Лаура Стојанова М-Нет