ФОТО: Струга Трим Љум подобра од Воска на “генералката” во Охрид

Воска Спорт и Струга Трим Љум денес ја одиграа “генералката” на СЦ “Билјанини Извори” во Охрид пред стартот на стартот на пролетниот дел, која заврши со триумф од 0:2 за Струга.

Израмнет меч со шанси и на двете страни, стружани први стигнаа во водство со гол на Мухарем. Во финишот на првиот дел Изаир Емини ја имаше најзрелата шанса за израмнување, но немаше реализација.

Во вториот дел Бесарт Ибрими погоди за конечни 0:2.