
Извлечена 35 годишна жена од страна на штипските пожарникари. Жената седум дена била под урнатините и успеала да преживее. Но, од утринава на терен се вадат само мртви тела вели командирот, Дарко Коцев. Ситуацијата на терен е ужасна додава тој, но тие се на безбедно и постојано на терен да спасат човечки живот. Тимот од пет штипски пожарникари на помош во погодените подрачја пристигнаа во текот на вчерашниот ден.


