
Расте интерсот за купување станови во Штип. Интерес има од целиот Источен регион, а најбарани се помалите станови од 30 до 40 метри квадратни кои достигнуваат цена од илјада евра за метар квадратен. Интересот кај помладата популација е најголем. Се продаваат и постарите и поголеми станови, чија цена е околу 600 до 650 евра за метар квадратен.
„Имаме многу побарување за мали станови, има доста побарување од помладата популација. Сега имаме турски студенти и некои станови кои се продаваа се повлечени и се изнајмуваат“ – вели Катарова.
Во Штип во моментот се работи на изградба на шест станбени згради за домување, а уште една во населба Сењак треба да почне со изградба.
Инвеститорите велата дека становите во изградените објекти се распродадени целосно, а се располага и со станбен простор во изградба, кој треба да биде готов за вселување до крајот на следната година. Како што додаваат голем интерес и за овој станбен објект и 80% од станевите веќе се продадени. Купувачите се дел од странство и дел од наши сограѓани. Поголем дел од купувачите се млади брачни парови. Цената по метар квадратен е 870 евра.
Лаура Стојанова М-Нет