Академија Пандев претстави уште едно засилување, Хакан Акгул пристигна во Струмица

Академија Пандев дефинитивно направи комплетен „ремонт“ во тимот, а вечерва го промовираше Хакан Акгул како најново засилување.

19-годишниот талентиран играч за врска потпиша две и пол годишен договор со Академија Пандев. Турскиот интернационалец доаѓа од екипата на Фатих Карагумрук, каде ја има поминато и целата младинска школа. Ова е прво интернационално искуство за Акгул.

Претходно, Академија Пандев се засили со Микеил Ергемлидзе, Матеј Цветаноски, Сандро Ембалло, Иван Галевски, Неат Абдулаи, Агрон Руфати, Георгие Јанкулов, Бурхан Мустафа и Марио Врдољак.