ФОТО: Реми на Силекс со Сутјеска во Анталија

Кратовскиот прволигаш Силекс ремизираше (2:2) против екипата на
Сутјеска во вториот подготвителен натпревар во Анталија за пролетниот дел од ПМФЛ.

Стрелци на погодоците за кратовци беа новите засилувања Марко Ѓорѓиевски и Томислав Турчин.

Во првиот дел Силекс имаше водство од 2:1, а во вториот дел Сутјеска израмни на 2:2 со гол од пенал

Во 62. минута Марјан Ристовски не успеа да реализира пенал за Силекс, со што резултатот 2:2 стана конечен.

На првата контролка во Анталија, Силекс загуби од Ресовија Жешов од 1:2.