
Второлигашот Слога од Виница утре ќе одигра нов пријателски натпревар против младинците на Академија Пандев од Струмица.
Натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион во Виница со почеток од 13:00 часот.
Претходно Слога ремизираше со прволигашот Силекс (0:0) во пријателски меч со хуманитарен карактер во Виница, a загуби од Тиквеш со 3:0 во Кавадарци.
Слога Виница „генералката“ ќе ја одигра против Вардар од Неготино, лидер во Трета лига – Југ и клуб кој важи за главен фаворит за баражот преку кој ќе се обиде да се врати во Втората македонска фудбалска лига.