
Воска Спорт продолжува со засилување на тимот за пролетната полусезона од Втората македонска фудбалска лига во која ќе атакува на директен влез во Првата македонска фудбалска лига.
Денес Воска Спорт го промовираше Медин Бајрами, кој во Охрид доаѓа какоа слободен играч, откако минатата полусезона настапуваше во косовскиот шампионат.
Во својата кариера 24-годишникот има настапувано за Ренова и Беласица во македонскиот шампионат, како и за Марибор во Словенија.
Воска Спорт поминува низ успешни подготовки, а на пријателските натпревари бележи само позитивни резултати, откако одигра 2:2 со Шкендија во Тетово, со 2:1 беше подобра од Арсими, со 3:0 триумфираше над Брегалница, а со минимални 1:0 ја доби и прилепска Победа.