Изгоре стара пластеница од пожарот во кочанско, пожарникарите остануваат на терен

Пожарот во кочанско делумно ставен под контрола. Огнот зафати стара пластеница, но по интервенција на ТППЕ Кочани е изгаснат и ставен под контрола. На терен реагираа шест противпожарни возила, а нема побарано помош од околните територијални единици. Пожарникарите остануваат на терен за да го следат правецот на огнот и да реагираат доколу има потреба.