
Погребален оператор од Штип во Радовиш ќе врши погребални услуги. Информацијата се прошири во јавноста по известувањето од страна на ЈП Плаваја од Радовиш, кое отсега ќе ја врши само дејноста управување со гробишта, а не и погребални услуги. Управувањето со гробишта е согласно со одредбите од Законот за гробишта и погребални услуги и донесените одлуки од страна на Советот на Општината, а се врши во градот Радовиш и во населените места Раклиш, Ораовица и Подареш.
Инаку Согласно законот, до ЈП Плаваја во Радовиш можат да поднесат барање и други лиценцирани оператори за вршење на погребални услуги, за што ЈП Плаваја ќе треба да склучи договор и со нив. Согласно законот од 2010 година на ЈП Плаваја и се одземени погребалните услуги и истите можела да ги врши се додека не се пријави ОПЕРАТОР да ги врши погребалните услуги, каков што е случајот со штипската фирма.
Досега погребалните услуги во Радовиш ги вршеше ЈП Плаваја, за што граѓаните плаќаа по 90 денари месечно за солидарен фонд, со што ги следуваше и едно гробно место доколку немаат сопствен гроб. Со новите измени за нов гроб ќе треба да се плати на ЈП Плаваја 10.400 денари и по 120 денари месечно за управување, односно одржување на гробишта.
Ребека Спасова М-Нет