
По еден соработник во Виница, Пробиштип и Свети Николе, како и уште 10 јавни службеници низ повеќе градови од државата вработува Фондот за здравствено осигурување. Во Свети Николе е потребен соработник за комплетирање на документација за надометок на лекови, и предвидена плата од 23.083 денари. Стручен соработник за право од здравствено осигурување и регрес се бара во Виница со предвидена плата од 24.715 денари и контролор се вработува во Пробиштип, со плата од 25.369 денари. Кандидатите кои ќе се пријават на огласот треба да исполнуваат низа општи и посебни услови.
Потребно е да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Крајниот рок за пријавување на кандидатите е до 18 јануари оваа година.
Во општините од Истокот две лица се потребни за вработување во Општина Делчево, како советник за заштита на животната средина и природата како и самостоен референт за сообраќај, патишта и комунални работи.
Лице за работна позиција Архивар се бата во Здрваствениот дом „Панче Караѓозов“ во Штип.
Лаура Стојанова М-Нет