
Второлигашот Гостивар го промовираше третото засилување за пролетната полусезона од Втора македонска фудбалска лига.
Ново име во таборот на есенскиот првак е Гордијан Христовски, кој доаѓа од редовите на прволигашот Скопје.
19-годишникот игра на левата бековска позиција, а може да покрива и во одбраната, со што ќе биде големо засилување за Гостивар, кој атакува на сигурен и директен влез во Прва лига по долги години.
Претходно Гостивар ги доведе Симеон Христов од Вардар и Рејан Абази од Локомотива.