
Предновогодишно раздвижување на штипскиот пазар. Граѓаните задоволни од пристојните цени во голема мера ги купуваа потребните продукти за претстојните празници и новогодишната вечер. Велат, купуваат од се’ по нешто.
Од денешниот пазарен ден задоволни се и продавачите. Производителите и трговците имаа полни раце работа на раздвижениот штипски пазар. Најмногу се продаваше овошјето, но и зеленчук за салата.
Продавачите не најавуваат раст на цените во претстојниот период, велат исти ќе бидат и за божиќните празници. Предновогодишната атмосфера, пак, додаваат граѓаните, ќе биде скромна, но пристојна. Сепак, секој ќе може да си овозможи да ја дочека новата година во најдобро светло.
Ребека Спасова М-Нет