
Песокот кој се вади од река Брегалница кај штипската приградска населба Караорман ги крена на нозе жителите од ова населено место. Велат дека со вадењето на песок им се уништуваат сопствените имоти кои ги создавале со години наназад. Бараат под итно да престане вадењето на песок, или во спротивно најавуваат блокада на патниот правец Штип кон Караорман.
„Оваа работа е уништување на нашето земјиште. Не може некој да даде некоја дозвола, каде и се заштитите на нашите ниви ако дојде утре вода како нашите ниви ќе бидат заштитени. Кој е тој одговорен кој е потпишал, оти овде деноноќно се носат камиони и песок. Овие се огромни машини, камиони што за многу кратко време ќе го исцрпат овој песок. Ќе дојдат да црпат и до нашите ниви. На соседот нивата е веќе однесена. Ние мора да го заштитиме нашиот имот.“ – вели Јанев.
Жителите од штипски Караорман стравуваат дека може да им се повтори сликата од пред три четири години, кога заради вадењето на песок од реката, надојдената вода им уништила голем број од нивите, а до ден денес реакција нема од никој.
„Пред три четири години од овде два ипол километри јас сум исто погоден, таму реката Брегалница го има однесено имотот,. До ден денеска ниту градоначалник на Штип, ниту некој друг има дојдено да го заштите полето, да ја заштите понатаму реката Брегалница“ – додава Јанев.

Од општина Штип велат дозволите не се издадени од нивна страна и тие немаат надлежност врз овој случај. Не можат да им помогна на жителите, но целосно ги поддржуваат. Дозволите се издадени од страна на Мининстерството за екологија и за животна средина, односно од Централната власт додаваат од општината, а на терен денеска излегоа и инспектори.
Приватната фирма која има дозвола за работа покрај коритото на река Бреаглница со документи тврди дека договорот е склучен на 29 август оваа година, за продажба на песок, чакал и камен од речните корита, со Акционерско друштво Водостопанство.
Лаура Стојанова М-Нет