Дербито на колото на М нет во ЖИВО: Разиграниот Охрид го пречекува непоразениот Гостивар

Утре ќе биде отворена 12-тата рунда од Втората македонска фудбалска лига со големото дерби на колото меѓу разиграниот Охрид и непоразениот Гостивар, меч кој гледачите на М Нет телевизија ќе го следат во ЖИВО.

Гостивар е едиствениот непоразен тим во Втората фудбалска лига, а Охрид со шест победи во нижа најавува борба за местата кои водат во Прва лига.

Гостивар ги надмина недоразбирањата кои беа со навивачите, па со максимален фокус утре на „Билјанини Извори“ ќе брка деветта сезонска победа на патот кон конечно враќање во Прва лига.

Охрид тргна со една променлива форма на стартот од сезоната, многумина пред почетокот на сезоната, но и по првите воведни кола не „типуваа“ дека Охрид би можел уште пред крајот на есенската полусезона да се вмеша во трката за местата кои водат во ПМФЛ.

Охриѓани влегоа во една серија од шест последователни победи и со тоа се искачија дури на четвртото место со 24 бодови, а имаат само два бода негатива од градскиот ривал Воска Спорт, кој се наоѓа на третото место на табелата.

Гостивар пред стартот на утрешниот меч е на второто место со 27 бодови, еден помалку од лидерот Вардар.

Гостивар има квалитетен состав на располагање, а во нападот ја има силката прволигашка алка – Антонио Каланоски, заедно Стојан Стојчевски, Стојанчо Велинов, Благоја Спиркоски кои имаат прволигашко искуство и многу добро знаат да се покажат токму на дерби натпревари.

Двете екипи имаат цврсти одбрани – Гостивар има примено шест погодоци на 11 одиграни натпревари, а пак Охрид има седум, додека пак Вардар само четири. Што се однесува до нападот Охрид и нема напад за пофалби, ако можеме да кажеме така, особено кога зборуваме за ефикасноста бидејќи има постигнато само 12 погодои, а пак Гостивар има двојно повеќе постигнати погодоци вкупно 24.

Според формата на последните пет натпревари – Охрид е единствениот второлигаш кој има пет победи, додека пак Гостивар има скор од едно реми и четири последователни порази на последните пет натпревари.

Утре покрај дербито на колото на „Билјанини Извори“, Воска Спорт ќе игра против Арсими, во меч каде гостите од Охрид ќе бркаат враќање на победничката патеки по поразот од Вардар (2:1) и ремито со Кожуф на домашен терен (2:2).

Лидерот Вардар в недела на домашен терен ќе игра против струмичка Беласица, во меч каде „вардарци“ ќе бидат фаворити за трите бодови, а пак Пелистер би требало лесно да се рехабилитира против Тетекс на домашен терен по поразот од Караорман во претходното коло.

Во Гевгелија се среќаат Кожуф и Слога од Виница во меч каде и двете екипи сакаат три бода, а домашниот тим ќе има предност. „Фенерџијата“ Борец на домашен терен ќе игра против Каменица Саса со силен мотив за конечен триумф во Втората лига и фаќање приклучок за опстанок.

Во Струга покрај езерото ќе се соочат Караорман и Локомотива Пехчево, во меч каде домашниот тим ќе важи за фаворит за трите бодови, а особено стружани имаат силен мотив за нови три бода по големата победа над Пелистер од 2:1 во претходното коло.

Автор: Александар Ванев